spot_img
25 C
Skopje
вторник, мај 11, 2021
spot_img

Според Форбс Европа сега има 117 милијардери повеќе отколку пред пандемијата

Европа во моментов има дури 628 милијардери, според листата на милијардери на „Форбс“ за 2021 година, 117 повеќе од претходната година.

Нивното вкупно богатство е три трилиони долари, третина повеќе од една година порано.

Зад овие податоци се крие фактот дека европските милијардери, како и милијардерите во остатокот од светот, не беа особено погодени од короната, туку токму спротивното.

Бројот на милијардери во светот пораснал за дури 30 проценти, според годишниот извештај на магазинот „Форбс“ – сега има 2.755 од нив, од кои 493 се нови членови на тој елитен клуб. Скоро 90 проценти од нив денес се побогати отколку што беа пред пандемијата.

Вкупното богатство на милијардерите пораснало за дури осум трилиони долари минатата година и сега изнесува околу 13 трилиони долари, според извештајот на „Форбс“.

Најбогатите Европејци се Французи и Шпанци
Најбогатиот човек на светот е сè уште основач и извршен директор на гигантот за онлајн шопинг „Amazon“, Џеф Безос. Неговите средства се проценуваат на 177 милијарди долари – 64 милијарди повеќе од минатата година.

Втор најбогат е Елон Маск, основач, извршен директор и најголем акционер (21 процент) на производителот на електрични автомобили „Tesla“, сега тежи 151 милијарда долари, што е за 126 милијарди повеќе од минатата година.

Третиот најбогат човек на светот и најбогат Европјанин е Французинот Бернард Арно со своето семејство, чија корпорација „LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton“ има околу 70 елитни брендови како Louis Vuitton, Christian Dior, Givenchy и Hennessy. Богатството на Арно е зголемено за дури 74 милијарди долари и сега изнесува 150 милијарди долари.

Четвртиот најбогат човек на светот и втор најбогат Европјанин е Шпанецот Амансио Ортега, сопственик на ланецот „Zara“, кој е „тежок“ за 77 милијарди долари – 22 милијарди повеќе отколку во 2020 година. Тој е на 11-то место на Форбс список на најбогати.

Веднаш зад него е Французинката Франсоа Бетенкор Мејерс со своето семејство, ќерката и наследничката Лилијан Бетенкор, која почина во 2017 година и која беше ќерка на Ежени Шилер, основачот на козметичкиот гигант „L’Oreal“. Таа е исто така најбогата жена на светот со 73,6 милијарди долари, што е за 24,7 милијарди повеќе отколку во 2020 година.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести