spot_img
20 C
Skopje
вторник, мај 11, 2021
spot_img

НОВ СКАНДАЛ ВО ХОЛИВУД: ТОМ КРУЗ ГИ ВРАТИ НАГРАДИТЕ “ЗЛАТЕН ГЛОБУС” – Еве зошто..

Том Круз ги врати своите награди „Златен глобус“ на Здружението на странски новинари во Холивуд (ХФПА), пишува „Си-Ен-Ен“.

Овој потег доаѓа по реакциите во јавноста за организацијата на наградите за недостаток на диверзитет како и многу етички прашања поврзани со финансиските придобивки за некои од 87 члена на организацијата.

Том Круз ги освои наградите за најдобар актер за неговите улоги во филмот „Jerry Maguire“ во 1997 година и „Born on the Fourth of July“ во 1990 година, како и наградата за најдобра споредна машка улога во филмот „Magnolia“ во 2000 година.

„Ен-Би-Си“ во понеделникот објави дека нема да го емитува шоуто во 2022 година. Од Американската телевизиска мрежа велат дека наградите мора да се случат значајни реформи.

„За промена на оваа големина е потребно време и работа и ние силно чувствуваме дека на ХПФА ѝ треба време да го направи тоа како што треба. Поради тоа „Ен-би-си“ нема да ги емитува Златните глобуси во 2022 година“, се вели во соопштението.

Покрај Том Круз и Скарлет Јохансон излезе со соопштение во кое ги повикува холивудските ѕвезди да се повлечат и да не учествуваат во настани организирани од ХФПА.

„Како актер што промовира филм, се очекува да учествувате во сезоната на награди со присуство на прес-конференции, како и на доделувањето на наградите“, рече Скарлет во изјава за „Варајети“.

„Во минатото, ова често значеше соочување со сексистички прашања и забелешки од одредени членови на ХФПА кои се граничат со сексуално вознемирување. Тоа е причината зошто јас, многу години, одбивав да учествувам на нивните конференции. ХФПА е организација која беше легитимирана од страна на такви како Харви Вајнштајн… Освен ако не постојат неопходни основни реформи во организацијата, верувам дека е време да направиме чекор назад од ХФПА и да се фокусираме на важноста и силата на единството во рамките на нашите синдикати и индустријата како целина“, истакна актерката.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести