spot_img
20 C
Skopje
вторник, мај 11, 2021
spot_img

ЛУДОСТ! Популарниот актер ја објави сопругата гола на Инстаграм (фото)

Ѕвездата од популарната американска серија „The Internship“, Дакс Шепард, на Денот на мајката објави целосно гола фотографија од неговата сопруга, американската актерка Кристен Бел.

„Мајчинството се промени откако јас бев дете и го поддржувам тоа“, ја започнал својата шеговита објава Шепард, покрај фотографијата на која Кристен е само во сини чорапи и вежба јога.

„Погледнете ја: нежна, трпелива, грижлива, смешна, преталентирана, дарежлива, тврда и мека. Девојките и јас добивме на лотарија со ваква мајка. Благодарни сме и ја обожаваме“, додал тој, а објавата собрала повеќе од 400.000 допаѓања.

„Ти благодарам за ваквиот подарок, Дакс“, искоментирала актерката Мери Стинбурген.

„Ако не можеш гол во чорапи да вежбаш јога во својот двор, нешто правиш погрешно“, гласел уште еден од коментарите.

Инаку, Дакс и Кристен се венчале во 2013-та година, а заедно имаат две ќерки, Делта и Линколн.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести