spot_img
25 C
Skopje
вторник, мај 11, 2021
spot_img

ВИСТИНСКИ ХОРОР СЦЕНИ ВО ИНДИЈА: Пронајдени дури 100 трупови во светата река Ганг

Најмалку 40 тела се исфрлени од Ганг на брегот во пограничната зона на државите Бихар и Утар Прадеш во северна Индија, соопштија властите.

Не е јасно како човечките тела стигнале до бреговите на Ганг, но извештаите на локалните медиуми сугерираат дека тие можеби биле жртви на COVID-19.

Некои медиуми јавуваат дека биле пронајдени дури 100 тела и дека состојбата во која се пронајдени сугерира дека тие биле во реката неколку дена.

Постои можност овие тела да се од Утар Прадеш – изјави за ВВС локалниот службеник Ашок Кумар по разговорите со локалното население и додаде дека сите тела ќе бидат погребани или кремирани.

Официјални лица изјавија дека телата изгледале „надуени и делумно изгорени“ и можеби завршиле во реката по незавршени кремирања покрај реката Ганг во Утар Прадеш, најнаселена држава во Индија, се вели во извештајот на индискиот новински канал НДТВ.

Вториот бран на епидемија на вирусот корона ја разорува Индија, која стана епицентар на глобална пандемија.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести