6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Ако Јувентус не обезбеди место во ЛШ, нема пари за да го плаќа Роналдо

Кристијано Роналдо ова лето би можел да го напушти Јувентус само поради една причина – Лигат на шампиони.

Како што пренесува италијански Калчомеркато, Португалецот би можел да замине доколку неговиот клуб не се квалификува во групната фаза од Лигата на шампионите, а причината за заминувањето на Роналдо може да биде и од финансиски карактер.

Роналдо заработува 30 милиони евра годишно во Јувентус, што е за дури 22 милиони повеќе од следниот најплатен играч на клубот, Матијас де Лихт. Ако Јуве не игра во ЛШ, тешко дека „Старата Дама“ ќе сака да му исплаќа толку висока плата.

Јувентус во моментов е петти на табелата во Серија А со 69 бода, еден бод помалку од четвртопласираниот Наполи и место кое води во најдоброто европско клупско фудбалско натпреварување. До крајот на шампионатот „Старата Дама“ ќе има натпревари со Интер на домашен терен, како и гостувања кај Сасуоло и Болоња.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести