spot_img
17 C
Skopje
понеделник, мај 10, 2021
spot_img

Царовска: Со нови дуални паралелки во Велес обезбедуваме баран кадар од машинска, електротехничка, хемиско-технолошката, угостителско – туристичката и здравствена струка

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес како дел од отворените денови на кампањата “Учи паметно, работи стручни“ ги посети двете средни стручни училишта  „Коле Неделковски“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес каде од септември се отвораат нови паралелки со струки барани од компаниите.

На штандови поставени во училишните дворови полуматурантите имаа можност да се информираат на придобивките и можностите кои ги нуди средното стручно образование.

“Среќна сум што има голем интерес кај деветтодделенците да дознаат повеќе за средното стручно образование и што имав можност да разговарам со нив кои се нивните афинитети. Овде во Велес и тоа како е потребен кадар од областа на машинството, електротехниката, хемиско-технолошката, угостителско – туристичката струка и секако здравствената струка.

Верувам дека младите нема да погрешат ако одлучат да одберат некоја од посочените струки, особено во оние каде имаме дуално образование, а тоа e во хемиско – технолошката и машинската струка, преку кое, благодарение на поддршката од крупни локални компании како Брако, Леов, Маркарт и Ронтис ќе има добро организирана практична обука за учениците директно на работно место. Тоа пак, значи интересни часови и стекнување на квалитетни практични вештини со кои полесно се успева на професионален план”, изјави министерката Царовска.

Министерството за образование и наука од идната учебна година воведува стипендии од 3500 денари месечно за учениците од месечно дуална паралелка, но сепак најголем мотив треба да им биде можноста за брз и успешен настап на пазарот на трудот по формализација на образованието. 

“До уписите во средно преостанува нешто повеќе од 1 месец, доволно време за полуматурантите добро да размислат и да донесат вистинска одлука според личните афинитети и состојбата на пазарот на трудот”, рече Царовска.

Во двете средни стручни училишта во Велес е планирано да се запишат вкупно 508 ученици во прва година. Од нив 322 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик се во СОУ “Коле Неделковски“, а останатите 186 во 6 паралелки на македонски јазик во СОУ “Димитрија Чуповски“.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести