spot_img
17 C
Skopje
понеделник, мај 10, 2021
spot_img

ХАОС: Едно лице загина во престрелка во неделата на главниот терминал на меѓународниот аеродром во Ванкувер

Едно лице загина во престрелка во неделата на главниот терминал на меѓународниот аеродром во Ванкувер, Канада, соопштија локалните власти.

Твитер профилот на аеродромот претходно соопшти дека раководството соработува со полицијата, а подоцна е додадено дека ситуацијата е ставена под контрола.

– „Еден човек беше убиен во неделата попладне во близина на терминалот за домашни летови“ – објави полицискиот оддел за убиства.

Полициските скужбеници не дадоа повеќе детали, но CBS News наведува дека полицијата трага по еден или повеќе осомничени во врска со пукањето. Брзата помош на аеродромот реагираше и две единици беа испратени на местото на инцидентот.

Менаџментот на аеродромот подоцна објави дека објектот е „отворен и безбеден за работниците и патниците“.

– Нашите мисли се со оние кои беа нападнати во денешниот инцидент – се наведува во соопштението на аеродромот.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести