spot_img
24 C
Skopje
понеделник, мај 10, 2021
spot_img

СТРАШНА ГРЕШКА: Италијанка по грешка примила шест дози вакцина на Фајзер/БиоНТек

Една 23-годишна Италијанка е под надзор во болница во Тоскана откако по грешка примила шест дози вакцина на Фајзер/БиоНТек, објави денеска агенцијата АГИ.

Девојката била во добра состојба откако примила течности и парацетамол по инјекцијата во неделата.

Наместо да инјектира само една доза во раката на студентката, медицинска сестра по грешка и го вбризгала целото шишенце, што е еквивалентно на шест дози.

Претходни студии за испитување на предозирање со вакцината на Фајзер беа ограничени на четири дози, пишува АГИ. Инцидентот бил пријавен кај италијанскиот регулатор на лекови.Предозирања со вакцината на Фајзер/БиоНТек претходно беа пријавени во САД, Австралија, Германија и Израел.(МИА)

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести