spot_img
17 C
Skopje
понеделник, мај 10, 2021
spot_img

Зборовите на Сари пред заминувањето од Торино сега стануваат појасни

Јувентус вчера беше убедливо поразен од Милан со 3-0 и се најде во тешка ситуација во битката за Лигата на шампиони.

Раководството на „Старата дама“ на крајот на минатата сезона одлучи да му врачи отказ на Маурицио Сари кој ги предводеше до титулата и му даде шанса на Пирло. Некогашниот фудбалер целосно се лизна во својата прва сезона на клупата на Јувентус, кој игра очајно и има големи проблеми.

На крајот некогашниот тренер на „Старата дама“ кого првите луѓе на клубот го исплатија 8,5 милиони евра и имаше жестока разделба беше во право.

„Одлучивте да ми дадете отказ, ми дадовте екипа која не е возможно да се тренира и да се воигра“, им порача Сари на челниците на Јувентус.

Овие зборови се покажаа како точни. Јувентус игра очајна сезона, можно е да не игра во Лигата на шампиони, а единствениот трофеј за кој ќе се бори е Купот на Италија, за противник ја има екипата на Аталанта.

Но како игра тимот на Пирло и овој трофеј изгледа далечен.

До крајот на сезоната тимот од Торино го чека тежок распоред, игра против Сасуоло, Интер и Болоња.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести