spot_img
23 C
Skopje
понеделник, мај 10, 2021
spot_img

Додека цел свет стагнира, Роберт Билбилов “вади“ хитови – „Нигде не те наоѓам“ е рефренот кој ќе ве освои на прво спушање!

„Мугри без нас, слика без глас, чудно е, ти си дел од мене, а пак си празнина…“, се дел од стиховите од новиот музички рефрен на Роберт Билбилов кој го носи името „Нигде не те наоѓам“.
После мала пауза, вчера на својот роденден, Билбилов го промовираше видеото заедно со темата на својот Јутјуб канал. Текстот за „Нигде не те наоѓам“ го потпишува Робин Зимбаков, додека, пак, музиката и аранжманот се на самиот Роберт.


„Пандемијата со коронавирус ја искористив на некој начин продуктивно, минував доста време во студио , па така и се роди „Нигде не те наоѓам“, рефрен на кој внимателно работев и за кој сум сигурен дека ќе наиде на позитивни реакции и критики од страна на публиката. Премиерата се случи вчера, на мојот роденден и е подарок од мене за сите вас, сакав некако да го одбележам на ваков начин и искрено се надевам дека „Нигде не те наоѓам“ ќе се најде на вашата плеј музичка листа ова лето“, порача Билбилов.


Кадрите за видеото се снимени на неколки локации, а зад режисерската палка стои „Motion Emotion Film Production“.
Во спотот се појавува манекенката Ирина Кузевска, а задолжени за изгледот на актерите – протагности во оваа мала музичка филмска приказна на Билбилов беа Даниел Николовски , Викторија Бурсаќ и модниот дизајнер Мите Занов.
Во продолжение слушнете ја „Нигде не те наоѓам“ и доколку ви се допаѓа споделете ја на вашите профили на социјалните мрежи и поддржете ја македонската музика!

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести