spot_img
21 C
Skopje
недела, мај 9, 2021
spot_img

Каталонците гневни: Перфидната игра на Нејмар!

И дефинитивно Нејмар до 2025 година ќе го носи дресот на ПСЖ. Тој потпиша нов договор вреден близу 30 милиони евра со посебни бонуси ако тимот ја освои ЛШ.

Барселона до последен момент се надеваше дека Бразилецот ќе се врати, тој и даваше такви знаци. Уште повеќе ако се знае дека Барса пратила во Париз свој специјален претставник како би го наговорил Нејмар да се врати во Барса. Лапорта, првиот човек на Барса бил во постојан контакт и со двајцата.

Токму затоа сега каталонците се гневни…,

“Ние сметавме дека тој ќе се врати во Барса, па и самиот тој наговестуваше таков епилог. Постојано велеше дека не е задоволен во ПСЖ. Но ете, тој не предаде, одигра перфидна, нас не замајуваше со цел да земе повеќе од пари од ПСЖ“ велат луѓе блиски до Барса.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести