spot_img
21 C
Skopje
недела, мај 9, 2021
spot_img

ИЛОН МАСК ГО ШОКИРА ЦЕЛИОТ СВЕТ

Елон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот, како гостин водител на американското телевизиско шоу „Saturday Night Live“, изјави дека има Аспергеров синдром.

Во воведното обраќање пред публиката, тој рече дека тој е првиот човек со Аспергеров синдром кој го водел ова шоу, но тоа не е точно.

Имено, канадскиот актер Ден Акројд беше првиот гостин-водител на шоуто со овој синдром во 2003 година, и по тој повод отворено зборуваше за синдромот, пренесува американскиот весник „Daily Bust“.

Маск го искористи остатокот од своето обраќање за да пошегува за неговиот статус, како и за неговата фасцинација со криптовалутата Догекоин.

Аспергеровиот синдром е, патем, состојба од аутистичниот спектар, која е поврзана со социјални тешкотии. Некои експерти предлагаат вработување лица со овој синдром затоа што тие можат да постигнат успех во технологијата, претприемништвото и други работни места за кои се потребни аналитички вештини, пренесува порталот „Klix.ba“.

Бизнис магазинот “Forbes“ го процени богатството на Маск на 166 милијарди долари. Најголемиот дел од своето богатство го оствари со ко-сопственост на „Tesla“ и целосна сопственост на „Space X“

Тој исто не е ни првиот милијардер што го водеше шоуто „Saturday Night Live“. Во оваа улога му претходеа поранешниот претседател на САД и бизнисмен Доналд Трамп, ТВ sвездата Опра Винфри и кошаркарот Мајкл Џордан.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести