spot_img
17 C
Skopje
сабота, мај 8, 2021
spot_img

РЕАЛ, БАРСЕЛОНА И ЈУВЕНТУС ПРЕД СУСПЕНЗИЈА !?

Според европските медиуми, девет од дванаесетте клуба потпишале повлекување од Супер лигата.

Клубовите кои потпишаа раскин на соработката со Европската супер лига ќе мораат да платат колективно 15 милиони евра и ќе бидат лишени од пет проценти од приходот што би го добиле од клупските натпреварувања на УЕФА во текот на сезоната.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус одбија да потпишат истапување, па им се заканува двегодишна суспензија од Лигата на шампионите.

Сите пари што ќе им бидат одбиени на клубовите кои нема да играат во Суперлигата, ќе бидат насочени кон младинскиот фудбал во локалните заедници ширум Европа.

Претседателот на УЕФА претходно спомена дека клубовите кои не се откажат од Суперлигата ќе бидат суспендирани на две години од европските натпреварувања.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести