27.8 C
Skopje
четврток, септември 28, 2023

Полицијата синоќа патролираше пред позната пекара Силбо во обид да спречи групирање на младите пред почетокот на полицискиот час

Полицијата синоќа патролираше  пред позната пекара Силбо во обид да спречи групирање на младите пред почетокот на полицискиот час.

Распоредени беа повеќе полициски возила и службеници, бидејќи оваа локација изминатиот период е една од најпопуларните за собирање на младите.

Познатата пекара речиси беше целосно опколена со униформирани полицајци.

И покрај видливото присуство на полициските службеници очигледно беше недисциплината помеѓу младата популација во однос на употребата на заштитните маски. Токму оваа локација е едно од најпопуларните места во главниот град каде најчесто младите се групираат и локација за која најчесто се пишуваат реакција на социјалните мрежи.

Инаку, Владата на Република Македонија на последната седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот започнува од 23:00 часот и трае до 05:00 часот наредниот ден.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img