spot_img
17 C
Skopje
сабота, мај 8, 2021
spot_img

На денешен ден во 1945 година, со безусловната капитулација на Германија заврши Втората светска војна во Европа

На денешен ден во 1945 година, со безусловната капитулација на Германија заврши Втората светска војна во Европа, а по тој повод германската канцеларка Ангела Меркел рече дека „трајна одговорност“ на Германија е да го одржи споменот на милиони луѓе кои ги загубија своите животи во текот на годините на националсоцијалистичката тиранија.

Според портпаролот на германската влада, Стивен Зајберт, на Твитер, Меркел истакнала дека 8 мај 1945 година е „денот на ослободувањето“, што значеше крај на нацистичката диктатура.

„Останува наша трајна одговорност да го одржуваме споменот на милиони луѓе кои ги загубија своите животи во текот на годините на тиранијата на националсоцијалистите“.

.Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас им се заблагодари на милиони луѓе кои, како што истакна, ги ризикувале своите животи и се жртвувале за да го ослободат светот од фашизмот, но тој посочи дека фашизмот е присутен и денес.

„За жал, идејата за фашизам сè уште не е целосно искоренета“, изјави Мас на Твитер.

Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот повика на отворање на меморијален центар во Берлин, каде ќе се негува споменот на сите жртви на националсоцијалистичката окупација.

„Такво место требаше да постои многу одамна“, рече Рот

Во петокот, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер им додели медали на граѓаните кои се посветени на сеќавањето на пред-нацистичкиот период и кои се борат против расизмот и ги повика Германците постојано да се соочуваат со холокаустот и нацистичката диктатура

„Без тој макотрпен и болен процес, демократската самодоверба на нашата земја ќе беше незамислива“, рече Штајнмаер.

Тој исто така предупреди дека враќањето во состојба на репресија ќе биде „фатален и погрешен пат“, пренесува Дојче веле.

„Не стекнуваме сила и самодоверба со молчење, туку само со одржување критики и искреност – кон нас самите и историјата на нашата земја“, рече тој.

Како што изјави, сеќавањето на националсоцијализмот, вината и неправдата ја зајакнуваат демократијата.

„Тоа е„ историско искуство“ што земјата го имаше по ослободувањето во 1945 година“, рече Штајнмаер.

„Сеќавањето на злосторствата е клучно за иднината на Германија и Европа“, рече Штајнмаер.

На церемонијата по повод годишнината од крајот на војната, тој им оддаде почит на шестмина граѓани кои се посветени  на справувањето со минатото, присетувајќи се на нацистичките злосторства и борбата против расизмот и маргинализацијата.

Втората светска војна започна со германскиот напад на Хитлер врз Полска во септември 1939 година. Меѓу 55 и 60 милиони луѓе ширум светот ги загубија своите животи во војната, а на 8 мај 1945 година, безусловната капитулација на Германија ја заврши Втората светска војна во Европа.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести