spot_img
14 C
Skopje
сабота, мај 8, 2021
spot_img

НАСИЛНИ НЕРЕДИ ВО ЕРУСАЛИМ (ВИДЕО)

Повеќе од 50 лица се повредени вчера вечер за време на судирите меѓу муслиманските верници и израелските полицајци кои влегоа во храмот на Брдото и на други места во источен Ерусалим, објави палестинската Црвена полумесечина.

Како што е наведено, 23 лица биле хоспитализирани, а повеќето биле ранети во главата со гумени куршуми и шрапнели од шок бомби, објави „Associated Press“.

Портпаролот на израелската полиција, Васем Бадр изјави дека избиле „насилни немири“.
Израелската полиција која чуваше пристап до светилиштето, дом на џамијата Ал-Акса, трета по големина во исламот, која муслиманите ја нарекуваат Харам ал-Шариф (Возвишеното Светилиште), рече дека стотици бунтовници фрлале камења, шишиња и други предмети кон полицајците.

Судирите избувнаа во време на зголемени тензии во Источен Ерусалим и Западниот брег, палестинските територии окупирани во шестдневната војна во 1967 година.
Демонстрациите и судирите со припадниците на израелските сили во населбата Шеик Џарах траат веќе една недела во тој дел на Ерусалим, кој подоцна беше припоен кон Израел.

Спорот во тоа соседство се однесува на сопственоста на земјиштето на кое се изградени куќи на четири палестински семејства, на кои им се заканува насилно иселување со цел еврејските доселеници да се преселат таму.

Вечерашните судири избувнаа кога израелската полиција го засили присуството во Ерусалим поради муслиманските вечерни молитви, пренесе АП.

Видео од инцидентот покажува како верници фрлаат столови, чевли и шипки кон полицајците кои пукале како одговор.

Полицијата ги затвори портите што водат кон Ал Акса.

Соединетите држави денеска повикаа на смирување на тензиите во Ерусалим со цел да се избегне евакуација на палестинските семејства поради имиграцијата на еврејските доселеници.

  • Длабоко сме загрижени за растечката напнатост во Ерусалим, изјави за новинарите заменик-портпаролката на американскиот Стејт департмент, Џалина Портер.

Таа исто така рече дека е загрижена за можното иселување на палестинските семејства во источен Ерусалим, „од кои многумина, се разбира, живеат таму со генерации“.a

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести