spot_img
17 C
Skopje
сабота, мај 8, 2021
spot_img

ДРАМА: Жена од Америка која исчезна во ноември, беше пронајдена жива во камперски шатор во кањон

Жена од американската држава Јута, која исчезна во ноември, беше пронајдена жива во камперски шатор во кањон, а наводно јадела трева и мов повеќе од пет месеци и пиела вода од блиската река.

Според „Guardian“, 47-годишната била пронајден при воздушна потрага низ кањонот.
Нејзиното исчезнување беше пријавено откако вработените во Шумската служба го најдоа нејзиниот автомобил напуштен на паркинг, околу 80 километри југоисточно од Солт Лејк Сити, на 25 ноември минатата година, за време на подготовките за сезонско затворање на кањонот.

Детективите и припадниците на службите за пребарување и спасување ја пребарувале областа во следните недели, но не успеале да ја пронајдат. Според канцеларијата на шерифот, таа била пронајдена во неделата за време на воздушен преглед на областа.

Барајќи го дронот што се сруши при потрагата, полицијата наиде на шатор.

Од канцеларијата на шерифот соопштија дека се верува дека жената свесно решила да остане во областа. Имала малку храна со себе и рече дека барала трева и мов за да преживее. Жената немала физички повреди, освен што ослабела. Откако ја пронашле, била пренесена во болница, а истрагата покажала дека можеби се борела со ментални проблеми.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести