4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Неочекувана одлука на британската Влада го сели ЛШ-финалето на „Вембли“

Англиско финале ќе гледаме во Лигата на шампионите оваа сезона, за пехарот силите ќе ги одмерат Манчестер Сити и Челзи. Добро е познато дека оваа пресметка е закажана за 29. мај во Истанбул, но нема да биде изненадување доколу УЕФА ја промени одлуката.

Англиските клубови прават притисок, нивната идеја е финалето да се играат на „Вембли“. Оваа неофицијална информација доби на тежина по новата одлука на британската влада, која ја стави Турција на црвената листа поради пандемијата коронавирус.

Ова значи дека сите кои ќе заминат во оваа земја по враќањето ќе мора да бидат во карантин 10 дена. Сето ова не му оди во прилог на никого, особено ако се земе во предвид дека и двата финалисти доаѓаат од Англија.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести