spot_img
16 C
Skopje
петок, мај 7, 2021
spot_img

ТОЧНО 32 ГОДИНИ ОД ДЕНОТ КОГА ЈУГОСЛАВИЈА ПОБЕДИ НА ЕВРОВИЗИЈА (видео)

Пред точно 32 години, на 6-ти мај, Југославија се најде во фокусот на светската јавност поради крајно неочекуваниот исход на уште тогаш многу угледниот натпревар за песна на Европа, кој се одржа во Лозана, Швајцарија.

Победата за Југославија тогаш ја однесе групата „Рива“, која ја сочинуваа Емилија Кокиќ, Далибор Мусап, Ненад Накиќ, Звонимир Зрилиќ и Бошко Чолиќ со песната „Rock Me“. Наградата им ја врачи познатата Селин Дион, која победи на Евросонг една година претходно.

Текстот на песната „Rock Me“ го напишал Стево Цвикиќ, музиката е на Рајко Дујмиќ, а песната Емилија Кокиќ ја изведуваше на хрватски јазик.

Со оглед на тоа што претставниците на Југославија беа од Хрватска, Евровизија наредната година се одржа во концертната дворана „Ватрослав Лисински“ во Загреб, иако имаше апел ова популарно натпреварување да се одржи во Задар, градот во кој е основана групата.

Тој ден на Евровизија на светот му беше претставен југословенскиот рок, а тоа секако беше и одлична прилика за популаризација на „Рива“.

Југославија на Евровизија се натпреваруваше 27 пати, а беше единствената социјалистичка држава која учествувала на ова натпреварување. Во текот на годините, Југославија ја претставуваа изведувачи од 5 од вкупно 6 републики кои ја сочинуваа.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести