spot_img
22 C
Skopje
петок, мај 7, 2021
spot_img

Најново предупредување на СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди денеска на нов бран на инфекција со COVID-19 во Африка поради доцнење во испораката на вакцини, бавна вакцинација и нови соеви.

Канцеларијата на Обединетите нации за Африка објави дека африканскиот континент мора да го достигне остатокот од светот во однос на вакцинацијата, пренесува британскиот весник „Guardian“.

  • Доцнењето во испораката на дози на вакцини од Индискиот серумски институт наменето за Африка, доцнењето во администрацијата на вакцините и појавата на нови видови, значи дека ризикот од нов бран инфекции останува многу голем во Африка, се наведува во соопштението.

Се додава дека новите соеви, како што се појавија во Индија и Јужна Африка, може да предизвикаат „трет бран“ на африканскиот континент.

  • Трагедијата во Индија не мора да се случи тука во Африка, но сите ние мора да бидеме во највисока можна подготвеност, рече регионалниот директор на СЗО, Мачидизо Моети.
  • Иако повикуваме на еднаквост во дистрибуцијата на вакцините, Африка исто така мора сериозно да го сфати бизнисот и да го искористи она што го имаме. Ние мора да ги дадеме сите дози што ги имаме во рацете на луѓето, рече Моети.

СЗО исто така соопшти дека некои африкански земји биле примерни во давањето вакцини, но не ги именуваше.

Сепак, се додава дека досега се дадени само нешто помалку од „половина од испорачаните 37 милиони дози во Африка“.

Африка сега учествува со само еден процент од дозите на вакцини дадени на глобално ниво, соопшти СЗО, во споредба со два проценти пред неколку недели, бидејќи вакцинацијата во другите региони напредува многу побрзо.

Првите испораки на вакцини во 41 африканска земја, според шемата Ковакс, започнаа во март, но девет земји досега дадоа само четвртина од примените дози, додека 15 земји искористија помалку од половина од добиените дози.

Стапката на вакцинација во Африка е најниска во светот, бидејќи 150 дози вакцини се даваат на 1.000 луѓе на глобално ниво, додека во субсахарска Африка е осум дози на 1.000, според СЗО.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести