spot_img
16 C
Skopje
петок, мај 7, 2021
spot_img

МЕГАН МАРКЛ ТАЈНО СЕ ПОРОДИЛА !?

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (39) и три години помладиот сопруг, принцот Хари, го прославија вториот роденден на синот Арчи.

Како најубав подарок, малиот Арчи ќе добие сестричка која наскоро треба да пристигне на свет.

Меѓутоа, според американските медиуми, девојчето, за чие име се шпекулира со месеци, наводно веќе се родило.

Како што пишуваат таблоидите, поранешната актерка ги покренала гласините за порано породување откако била видена како со брзање ја носат во болница.

Извор за американските медиуми рекол дека кратко по враќањето на принцот Хари од Велика Британија, каде помина една недела поради погребот на принцот Филип, неговата бремена сопруга итно била пренесена во болница, а со оглед на тоа дека војвотката требало да се породи дома, изворот тврди дека е можно породувањето веќе да се случило и тоа во најблиската болница.

– „’Cottage’ е најдобра болница во градот и познато е дека нивните пациенти се славни и богати личности. На Меган сигурно нешто ѝ се случило штом породувањето дома го заменила со болница – раскажал неименуваниот извор кој тврди дека пред неколку денови ја видел војвотката на пат кон болницата.

Инаку, официјални информации за раѓање на второто дете од кралскиот пар сè уште нема, но со оглед дека Меган последен пат во јавноста била видена пред две недели, кога папараците ја снимиле во друштво на синот, а и досега е мошне мистериозна кога станува збор за бременоста, па истата ја откри дури во март годинава – многу обожаватели веруваат дека тврдењата за раѓањето на второто дете би можеле да бидат вистинити.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести