spot_img
22 C
Skopje
петок, мај 7, 2021
spot_img

КОНЕЧНО РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА НА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛЕЗИЈСКИОТ АВИОН

Авионот „МХ370“ што исчезна на летот од Куала Лумпур кон Пекинг е мистерија до денес, како и судбината на 239 патници и членови на персоналот.

Најновиот извештај сугерира дека пилотот внимателно ја испланирал рутата на тој кобен лет за да не остави траги пред авионот да се урне во Индискиот Океан, пишува британскиот весник „Mirror“.

Претходните извештаи укажуваа на тоа дека пилотот страдал од клиничка депресија, а аеронаутичкиот инженер Ричард Годфри верува дека намерно го сменил правецот на движење и го забрзал авионот, бидејќи ја криел локацијата кон која се движел.

Менувајќи го правецот на движење, авионот одеднаш исчезна од радарот, а беше забележан само на воениот радар непосредно пред падот.

  • Пилотот на Закарија, Ахмад Шах, намерно ги одвел сите патници и членови на екипажот во нивната смрт, верува Годфри.
  • Изгледа знаеше за работното време на радарите „Сабанг“ и „Локсејмава“ – знаеше дека нема да бидат активни за време на викендите навечер, во време на послаб меѓународен сообраќај – тврди Годфри во својот извештај.

Тој нагласува дека пилотот очигледно внимателно ги испланирал и избегнувал рутите на комерцијалните летови.

  • Тој не беше толку загрижен за потрошувачката на гориво, тој вложи повеќе напор во оставањето лажни траги. Значителен број на промени во рутата и брзината сугерираат дека пилотот бил активен за време на летот – објаснува Годфри.

Француските истражители добија многу информации од компанијата „Boеing“ за исчезнатиот лет „МХ370“, што може да ја открие последната причина за мистериозната несреќа.

И заклучија дека капетанот Закарија Ахмад Шах бил вознемирен и осамен човек кој намерно ги убил сите патници и членови на екипажот.

Пилотот имал „контрола до самиот крај“, наведуваат тие и забележуваат дека доказите покажуваат дека несреќата била повеќе убиства и самоубиства.

Француските истражители добија пристап до „значителна количина“ податоци за исчезнатиот „ Boеing 777“ што беше испратен за време на летот.

Ова вклучува бројни документи и сателитски податоци од британската телекомуникациска компанија „ImarSat“.

Остатоците од малезискиот авион никогаш не биле пронајдени целосно, а во потрагата биле вложени 200 милиони долари.

Дел од остатоците беа однесени од морето во близина на Мадагаскар, Танзанија и Јужноафриканската Република, а анализата на делот од урнатината пронајден во август минатата година ги побудија повиците за организирање нова потрага по исчезнатиот авион.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести