spot_img
25 C
Skopje
четврток, мај 6, 2021
spot_imgspot_img

Англичаните бараат финалето од Лигата на Шампионите да се игра во Бирмингем!?

Манчестер Сити и Челзи на 29 мај во Истанбул на стадионот Ататурк треба да го одиграат овогодинешното финале од Лигата на Шампионите. По реванш дуелите од полуфиналето веќе се познати финалистите, но дали е дефинитивно познат и организаторот на финалето.

Истанбул и Турција се во целосен карантин до 17 мај поради очајната состојба во оваа земја со коронавирусот, па можно е се да биде стопирано што се однесува до самата организација.

Од друга страна веќе во УЕФА е доставена официјална кандидатура за домаќин како замена за Истанбул. И тоа ни повеќе ни помалку од страна на тимот на Астон Вила и нејзиниот стадион во Бирмингем.

Причините за ова се следни. Двата тима кои се во финалето се од Англија, што значи нема да има потрееба од патување прво и основно на екипите, а второ и на навивачите. УЕФА дозволи посета на 8000 гледачи на финалето по 4000 од секој клуб.

Сепак, она што Астон Вила не го предвиде се строгите УЕФА стандарди за организација на ваков вид на мечеви. Нејзиниот стадион е далеку од идеален, новинарската ложа воопшто не е според стандардите, нема доволно места за камери, и ќе треба да се изведа мини реконструкција. На овој стадион капацитетот е 43. 000.

Евентуално одложување на самото финале за подоцна би донело огромни загуби од секкаков вид, екипите би морале во карантин и би настанал хаос. Затоа оваа опција во моментов е една од оние кои се разгледуваат.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,346FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести