22 C
Skopje
среда, мај 5, 2021
spot_img

Украинските граничари ископаа околу 400 километри антитенковски ров на границата со Русија

Украинските граничари ископаа околу 400 километри антитенковски ров на границата со Русија како дел од проектот „Ѕид“, изјави шефот на Граничната служба на Украина, Сергеј Дајенеко.

  • Досега се ископани околу 400 километри противтенковски ров, изградени се 330 километри патна конструкција, поставени се 70 километри бодликава жица и 100 километри метални огради – рече тој во интервју за „RBK-Ukrajina“ .

Тој додаде дека првично цената на проектот беше околу 143 милиони долари, но подоцна беше намалена на 90 милиони долари. Од оваа сума, 60 милиони долари се веќе потрошени.

Проектот „Ѕид“ започна да се реализира во 2014 година. Планирано е да се изгради утврдена одбранбена линија, долга 2.000 километри, на руско-украинската граница. Работите требаше да завршат за половина година, но роковите беа одложени неколку пати, последен пат – до 2025 година.

Читај Следно

10,346FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести