16 C
Skopje
среда, мај 5, 2021
spot_img

Пеп меѓу седумте величенствени: Сето она што го работевме сега има смисла!

Пеп Гвардиола по цели десет години одново е во финалето во ЛШ, откако со Барса во 2011 за последен пат се радуваше на “ушлето“. Со Баерн Минхен не успеа, но затоа со Манчестер Сити во петата сезона како стратег конечно успеа за прво историско финале на “граѓаните“.

Ова не е неверојатно. Некои луѓе мислат дека е лесно да се влезе во финалето во ЛШ. Можам да кажам дека се она што го работевме во изминатите пет години сега има смисла. Верувајте дека ништо не е толку тешко отколку да се освои Лигата на Шампионите. Јас сум горд на овие момци“, посочи стратегот на Сити по синоќешниот меч со ПСЖ.

Инаку со овој пласман во финалето во ЛШ, Пеп Гвардиола се најде меѓу седумте тренери кои со две различни екипи играле во ЛШ. Покрај него тука се Отмар Хицфилд, Луис ван Гал, Жозе Мурињо, Јуп Хејнкес, Карло Анчелоти и Јирген Клоп. Со Пеп тоа се тие седумте величенствени.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,346FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести