22 C
Skopje
среда, мај 5, 2021
spot_img

Еве дали алкохолот влијае на ефикасноста на вакцината

Британската агенција за лекови и здравствени производи соопшти дека нема докази дека конзумирањето на алкохолни пијалоци влијае на ефективноста на вакцините за коронавирус, пишува „Evening Standard“.

Откако на социјалните мрежи се раширија приказни дека алкохолни пијалоци не треба да се консумираат два дена по приемот на вакцината, се огласи британската агенција за лекови.

  • Ние ја советуваме секоја индивидуа, која се двоуми околу конзумирањето на алкохолни пијалоци, да контактира со здравствените работници, се вели во соопштението.

Во јануари годинава, организацијата „DrinkWater“, која произведува алкохолни пијалоци, соопшти дека има некои докази кои укажуваат дека алкохолните пијалоци можат да влијаат на способноста на организмот да создаде имунитет по вакцинацијата.

Сепак, ниту британскиот национален здравствен систем ниту производителите на вакцини не објавија информации, што би сугерирало дека постои поврзаност помеѓу ефективноста на вакцината и потрошувачката на алкохол.

Читај Следно

10,346FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести