23 C
Skopje
вторник, мај 4, 2021
spot_img

Се појави скандалозно досие за Трамп ?

Кристофер Стил, поранешен агент на британската контраразузнавачка служба МИ6, состави уште едно досие за ФБИ за поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Во првото досие, кое одекна поради скандалозната содржина, Стил презентираше информации за соработката меѓу луѓето на Трамп и владата на Владимир Путин, пренесуваат неименувани извори за британски „Telegraph“.

Неговата континуирана соработка со ФБИ откако првото досие стигна до јавноста оди во прилог на неговиот кредибилитет, пишува британски „Telegraph“. Токму ова досие го поттикна истрагата на специјалниот истражител Роберт Мулер за руското мешање во американските избори во 2016 година.

Во првото досие, Стил даде голем број детали во врска со компромитирачкиот материјал за Трамп, вклучително и снимки од неговите средби со проститутка во хотелот „Москва“ во 2013 година.

Сепак, Трамп тврдеше дека станува збор за лажни вести, политички мотивирани.
Преку една компанија, Стил продолжи да ја испраќа „сурови“ материјали до американската агенција. Дел од материјалите од второто досие вклучува дополнителни информации за руско мешање во изборите во САД.

Истрагата на Мулер, поттикната од првото досие, доведе до низа тужби кои на крајот имаа судски епилог, што доведе до затворање на Пол Манфорт, соработник на кампањата на Трамп, како и на Џорџ Папапулос, советник за кампања и долгогодишен соработник на Трамп, Роџер Стоун.

Второто досие содржи и нови детали за контактите на Манафорт со Русите. Во врска со таа тема, неодамна во американските медиуми беше објавено дека Константин Килимник, соработник на Пол Манафорт, доставувал информации до руските разузнавачи за анкетите и стратегиите на изборниот штаб на Трамп, се наведува во извештајот.

ФБИ понуди награда од 250.000 УСД за „информации што би довеле до апсење на Константин Килимник“. Министерството за финансии на САД го стави неговото име под санкции, означувајќи го како „руски шпион“, бидејќи тој наводно пренесувал чувствителни податоци.

ФБИ имал разговор со Стил во Лондон во 2017 година, додека истрагата за руското мешање траела, пишува британски „Telegraph“. Потоа, тој му соопшти на ФБИ дека има четири шпионски канали, и дека главниот „не бил активен“. Меѓутоа, за време на разговорот, еден канал беше „активен и донесе добри информации“. Тој агент бил извор за други досиеја, велат тие.

Првото досие беше одбиено од ЦИА, според „New York Times“, опишувајќи го како „озборување“, но секако се користело за да се добие судско одобрение за следење на поранешен соработник на кампањата на Трамп, и од тие причини тој го тужеше ФБИ и Министерството за правда за 75 милиони долари, наведува британски „Telegraph“.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести