17 C
Skopje
вторник, мај 4, 2021
spot_img

Поради пандемијата на коронавируси, ниту Октоберфест во Минхен нема да се одржи оваа година

Поради пандемијата на коронавируси, ниту Октоберфест во Минхен нема да се одржи оваа година, објави денеска баварскиот премиер Маркус Зедер.

  • Октоберфест нема да биде можен ниту оваа година, рече премиерот на Баварија по консултациите со градот Минхен.

Зедер им препорача на другите градови во Баварија, кои организираат настани по Октоберфест, да се воздржат од прослава и оваа година.

Градоначалникот на Минхен, Дитер Ритер, рече дека одлуката е донесена сега затоа што „нема да има смисла“ да се чека понатаму, со оглед на обемните подготовки што ги бара настанот.

  • За мене, тоа е многу тешка одлука, рече тој.

Одлуката за откажување на годинешниот Октоберфест е донесена поради преголемата опасност од ширење на инфекцијата во преполните шатори каде се одржува фестивалот, и покрај очекувањата дека повеќето од граѓаните ќе бидат вакцинирани до септември.

Октоберфест годинава требаше да се одржи од 18 септември до 3 октомври. Во претходните години, на оваа популарна пивска манифестација присуствуваа околу шест милиони луѓе.

Последниот Октоберфест, кој се одржа во 2019 година, оствари приходи од 1,23 милијарди евра за Минхен.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести