23 C
Skopje
вторник, мај 4, 2021
spot_img

ГОЛЕМА НЕСРЕЌА ВО МЕКСИКО: Железнички надвозник за метро се сруши во Мексико Сити (ВИДЕО)

Железнички надвозник за метро делумно се сруши во Мексико Сити, а според првите официјални информации од местото на несреќата, во несреќата загинаа 15 лица, а околу 70 се повредени, пренесува Ројтерс.

На видеата што ги емитува локалната „TV Milenio“ се гледаат вагоните од составот на метрото, уривањето на надвозникот и моментот кога вагонот паѓа врз автомобилите што минуваат под надвозникот.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум, на Twitter напиша дека пристигнала на местото на несреќата, дека загинале 15 лица и дека еден автомобил е заробен под урнатините.

Несреќата се случи на метро линијата број 12, која беше изградена додека сегашниот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард беше градоначалник на Мексико Сити.

  • Она што се случи денес е страшна трагедија. Мојата солидарност со жртвите и нивните семејства, напиша Ебрард на Twitter.

Тој посочи дека мора да се испитаат причините за несреќата и да се утврди одговорноста, како и дека им е на располагање на властите за да им помогне.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести