17 C
Skopje
вторник, мај 4, 2021
spot_img

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Директорка на училиште тепа шестгодишно дете со дрвена летва

Видеото, на кое се гледа како директорка на основно училиште во Флорида удира 6-годишно девојче со дрвена летва, ја шокираше американската јавност.

  • Омразата со која ја удри ќерка ми … Јас никогаш не сум ја удрила ќерка ми, рече мајката која го снимила инцидентот и го објави.

Директорката го казнила девојчето за наводната штета што ја направил на компјутер вреден 50 американски долари. Мајката била повикана во училиштето во средината на април за да ја плати отштетата, но наместо тоа била испратена во канцеларијата на директорот каде ја нашла својата ќерка со директорот и секретарката.

Двете решиле да го казнат детето пред мајката. Гледајќи дека нема камери, мајката сфатила дека ќе мора да снима сè за луѓето да и веруваат бидејќи, според американските медиуми, таа не зборува англиски добро.

  • Никој не би ми верувале. Ја жртвував ќерка ми за сите други родители да разберат што се случува на училиштето, рече таа.

Подоцна истиот ден, таа го однесе детето на лекар за да ги документира повредите. „Ќе ја добијам правдата за ќерка ми кога веќе не можев пред неа, рече мајката.

Полицијата во Клевестон и Одделот за деца и семејство потврдија дека го испитуваат случајот, а адвокатот на семејството рече дека во моментов истражуваат дали има доволно докази за да покрене обвинение против директорката.

  • Директорката е под истрага и сигурно ќе биде казнета за она што го сторила. Училиштето не дозволува каква било форма на казна и она што се случи е недозволиво. Девојчето беше преплашено и се чувствува ранливо, рече адвокатот.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести