18 C
Skopje
вторник, мај 4, 2021
spot_img

БИЛИ АЈЛИШ СПОДЕЛИ ПРОВОКАТИВНИ ФОТОГРАФИИ – ФАНОВИТЕ ПОЛУДЕА (фото)

„Благодарам на британски Вог што ја почитував мојата визија“, напиша Били Ајлиш на својот Инстаграм и сподели провокативни фотографии кои ги направи за овој магазин.

Младата американска пејачка и текстописец, позната по своите привлечни видео и аудио ефекти, не се смее ниту на оваа насловна страница.

И покрај критиките за нејзиниот ексцентричен стил на облекување, па дури и за тоа што никогаш не се смеела на фотографии, таа тврди дека „насмевката ја прави слаба и беспомошна“.

Добитничката на дури четири Греми награди во 2020 година (за песна на годината, композиција на годината, албум на годината и награда за најдобар изведувач) добива  големо внимание кај публиката и јавноста, така да што и да направи постојано е во фокусот.

Познато е дека избегнува тесна облека која ја нагласува линијата на телото, за да не привлече внимание и да и даде можност на јавноста да коментира за нејзиниот изглед и сексуалноста. На нејзините видеа, таа главно носи  широки дуксери, тренерки, маици, за како што вели нејзиниот глас и уметноста да бидат во преден план.

Нејзината позиција е дека жените на јавната сцена се гледаат премногу како сексуални објекти, така што оваа насловна страница сигурно ќе има големо влијание.

Читај Следно

10,346FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести