23 C
Skopje
понеделник, мај 3, 2021
spot_img

СТРАШНО: Пронајдената жена патот Охрид кон Струга била убиена!?

Почината жена денеска беше пронајдена во близина на викенд-куќа крај стариот пат што води од Охрид кон Струга, а  според последните информации имала телесни повреди на главата.

Лекарот од екипата на Службата за итна медицинска помош од Охрид што вршел увид на местото каде утрово беше пронајдено беживотно тело на женско лице констатирал телесни повреди врз главата.

Според информациите од СВР-Охрид, утрово во 8:20 часот С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. (35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата.

Екипа на крим-техника на СВР-Охрид извршила увид на лице место, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Истрагата и обдукцијата ќе ги утврди околностите и причините за настапувањето на смртта.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести