22 C
Skopje
понеделник, мај 3, 2021
spot_img

Симон Дорант-Деј СО ГОДИНИ СЕ ОБИДУВА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА Е СИН НА ПРИНЦОТ ЧАРЛС И КАМИЛА

Симон Дорант-Деј објасни дека неговата баба, мајка на жената што го посвоила, му рекла дека неговите вистински родители се принцот Чарлс и Камила. Таа работеше во Бакингемската палата и сметаше дека нејзиниот внук ја заслужува вистината.

Симон Дорант-Деј (55) со години тврди дека принцот Чарлс (72) и Камила Паркер-Боулс (73) се негови родители, а пред неколку дена објави фотографија која убеди многумина дека е вистина, пишува „Mirror“.

Имено, Симон сподели слика на неговиот син Лиам и кралицата Елизабета Втора во нивните 20-ти години.

Многумина се согласија дека синот на Симон и Елизабета изгледаат многу слично.

– Да, гледам сличност. И со семејството на принцот Филип и остатокот од кралското семејство.
– Мислам дека личиш на Филип. Би било убаво кога луѓето би го виделе ова, тие би биле на ваша страна.
– Премногу сличности помеѓу вас, вашите деца и другите за да бидат само случајност или теорија на заговор.
– Ова е луда сличност – ја прокоментираа следбениците фотографијата.

Инаку, Симон живее со своето семејство во Квинсленд, а е роден во април 1966 година во Портсмут. Тој беше посвоен од семејство од околината на тој град, кое е во роднинска врска со кралицата Елизабета.

Ако Чарлс и Камила му се вистински родители, тогаш тие го добиле како тинејџери. Двојката никогаш не ги коментираше неговите тврдења, ниту остатокот од кралското семејство, но Дорант-Деј не се откажува од докажување на вистината.

Тој тврди дека луѓето честопати го запирале на улица и му рекле дека личи на принцот Филип и дека му било тешко што неодамна починал. Симон истакнува дека Камила исчезнала од јавноста девет месеци пред неговото раѓање и тајно се грижела за него сè до неговиот осми месец.

И покрај неговите тврдења, Дорант-Деј не се огорчува на наводните родители и повремено ја брани Камила, која често е нападната од јавноста бидејќи се дозна дека таа е љубовница на Чарлс додека тој сè уште беше оженет со покојната принцеза Дајана. Тој вели дека неговата мајка претрпела сè во животот и ја нарекува земен ангел.

Читај Следно

10,346FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести