23 C
Skopje
понеделник, мај 3, 2021
spot_img

ПАРТИЈАТА НА ЕДИ РАМА СОБРА ПОТПИСИ ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МЕТА

Албанската социјалистичка партија на премиерот Еди Рама досега собра потписи на 47 пратеници во албанскиот парламент, за покренување на постапката за отповикување на претседателот на државата, Илир Мета.

Се очекува иницијативата за разрешување на претседателот Мета да биде доставена до албанскиот парламент во текот на денот, по што ќе се формира истражна комисија која ќе го разгледа барањето, пренесува Косово онлајн.

Социјалистичката партија, која освои мнозинство места на неодамнешните парламентарни избори во Албанија, веќе објави дека ќе побара Собранието да го отповика претседателот Мета за наводни повреди на уставот и учество во изборната кампања.

На изборите во Албанија одржани пред една недела најмногу гласови (48,7 проценти) освоила владејачката Социјалистичка партија на актуелниот премиер Еди Рама. Според ЦИК, социјалистите имаат 74 пратеници во 140-члениот парламент.

Опозициската коалиција Алијанса за промени, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, освои 39,40 проценти од гласовите односно 59 мандати. Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ), пак, има 6,85 проценти односно 4 мандати, додека Социјалдемократската партија има 2,24 отсто односно 3 пратеници.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести