20 C
Skopje
понеделник, мај 3, 2021
spot_img

Конте го повтори успехот на Трапатони: Единствени со титули на клупите и на Јуве и на Интер

Интер го освои италијанското Скудето, а Антониот Конте испиша нова страница од својата кариера и од италијанската фудбалска историја. Имено, за главниот тренер на „нероаѕурите“ ова е четврто Скудето во неговата тренерска кариера, откако претходно освои три титули со Јувентус (2011/12, 2012/13, 2013/14).

Досега вакво тренерско остварување имаат само уште пет тренерски имиња кои работеле во Серија А. Најуспешен е дефинитивно Џовани Трапатони кој во својата тренерска биографија има седум титули во италијанското калчо, па по него Масимилијано Алегри (6), Фабио Капело (5), Марчело Липи (5) и Карло Каркано (4).

Конте исто така стана само вториот тренер кој ја освоил Серија А и со Интер и со Јувентус. Само Трапатони досега го имаше направено ова.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести