23 C
Skopje
понеделник, мај 3, 2021
spot_img

КИСИНЏЕР: Заради технолошкиот напредок американско-кинеските односи се приближуваат до „судниот ден”

Заради технолошкиот напредок американско-кинеските односи се приближуваат до „судниот ден“ вели Хенри Кисинџер, поранешен државен секретар и советник за национална безбедност во Белата куќа во администрацијата на републиканскиот претседател на САД, Ричард Никсон.

Кисинџер посочи на воената и економската моќ на Кина, и изрази став дека затегнатите меѓудржавни односи се најголемиот проблем во современиот свет и предупреди дека тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се „најголемиот глобален проблем“ што може да се прелее во светот и да го донесе човештвото до катаклизми во случај на конфликт меѓу овие две технолошки суперсили, објави лондонскиот дневен весник Гардијан.

98-годишниот американски политичар и експерт за меѓународни односи процени дека економскиот, воениот и технолошкиот потенцијал на двете суперсили крие повеќе ризици отколку што беше за време на Студената војна помеѓу САД и СССР.

Презентацијата на Кисинџер на симпозиум за актуелните глобални теми на Форумот „Седона“ на Институтот Мекејн се совпаѓа со изјавата на американскиот министер за одбрана Лојд Остин кој предупреди дека „начинот на кој ќе се води следната голема војна ќе биде целосно различен од сето она до сега “.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести