20 C
Skopje
понеделник, мај 3, 2021
spot_img

Илон Маск е во голема неволја, заради една работа неговата иднина ВИСИ НА КОНЕЦ!

Илон Маск е во голема неволја, но сепак и понатаму е вториот најбогат човек на светот.

Основачот на компаниите „Space Х“ и „Tesla“, јужноафриканскиот милијардер Илон Маск, изгуби неверојатни шест милијарди долари за еден ден, откако двајца мажи во близина на американскиот град Хјустон загинаа во несреќа во која учествуваше електричен автомобил Тесла Model S, произведен во 2019 година.

Неколку моменти откако веста за сообраќајната несреќа го обиколи светот, акциите на „Tesla“ пропаднаа на берзите, што значеше исчезнување на богатството на Маск.

Сепак, и покрај тоа, податоците покажуваат дека богатството на Јужноафриканецот е сè уште доволно високо за да биде втор најбогат човек во светот, а тој изнесува нешто повеќе од 176 милијарди долари.

На прво место сè уште е основачот на „Amazan“, Џеф Безос, со богатство од 202 милијарди долари, а во текот на изминатиот ден, тоа дури беше зголемено за 707 милиони долари.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести