22 C
Skopje
понеделник, мај 3, 2021
spot_img

ДЕМЕНТЕН БРАЧЕН ПАР ОД ТЕНЕСИ ИЗБЕГАЛ ОД ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Еден постар човек и неговата сопруга, иако се дементни, успеале да избегаат од старечки дом во Тенеси, користејќи го Морзеовиот код.

Имено, дедото ги искористил вештините што ги научил додека служел војска, па успеал да се „извади“ себе си и својата љубена од домот кој има високо ниво на безбедност.

Со цел да избега со сопругата, мажот внимателно го слушал звукот на електронските клучеви од вратата и така успеал да го дешифрира кодот за отклучување.

Долго време, вработените не можеа да утврдат како успеале да избегаат кога вратата автоматски се заклучува и било потребно да се внесе кодот за да се отвори вратата.

Кога конечно биле пронајдени сопружниците, тој објаснил дека го искористил Морзеовиот код што го научил во војската.

Бабата и дедото биле вратени живи и здрави, а државата го казнила домот со 2000 УСД. Поради инцидентот, кој можеше да заврши трагично, вработените во домот го зајакнаа надзорот над одделенијата. Тие исто така ветија дека ќе го вадат дементниот дедо почесто во природа, за тој да не сака повторно да бега, а нивната ќерка рече дека почесто ќе ги посетува таткото и мајката.

Читај Следно

10,346FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести