26 C
Skopje
недела, мај 2, 2021
spot_img

Украинските сили вчера вечер со минофрлачи го нападнаа градот Горловка во Донбас

Украинските сили влера вечер со минофрлачи го нападнаа градот Горловка во Донбас, објавија властите на Народната Република Доњецк.

Како што се наведува, на Горловка паднале вкупно 10 мини од 82 милиметарски калибар.

Овој град се наоѓа на демаркационата линија Донбас, на растојание од околу 40 километри од Доњецк.

Претходно, заменик-шефот на народната милиција на НРД, Едуард Басурин, рече дека не е исклучено Киев да може да изврши одредени провокации за време на прославата на Велигден.

Како што рече, разузнавачките служби забележале дека украинските сили доставуваат муниција до контактната линија.

Да потсетиме, во Донбас се во сила дополнителни мерки за да се обезбеди примирје, кое целосно забранува размена на оган, распоредување оружје во близина на населени места, офанзивни, извиднички и диверзантски акции.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести