19 C
Skopje
недела, мај 2, 2021
spot_img

Од вечерва пак се враќа полицискиот час и тоа во траење од 21 часот до 5 часот наутро

По синоќешната пауза заради христијанскиот празник Велигден полицискиот час продолжува денеска, и тоа во траење од 21 часот до 5 часот наутро.

Според одлуката на Комисијата за зразни болести, полициски час нема да има ниту вечерта на 12 кон 13 мај, кога муслиманите го слават Рамазан-Бајрам.

Во меѓувреме, терасите на угостителските објекти остануваат отворени за гости и ќе работат до 20.30 часот. Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично, останува. Исклучок од ова се угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) за лицата кои се сместени во овие објекти, кои остануваат да работат како и до сега, соопшти Владата.

На сила останува забраната за работа на сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор, кои дејноста може да ја обавуваат на отворен простор.

Полицискиот час во земјата е на сила од 10 март,со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести