26 C
Skopje
недела, мај 2, 2021
spot_img

Елиза Роуз Вотсон, ОД БЕЗДОМНИЧКА ДО МИЛИОНЕРКА

Елиза Роуз Вотсон (31) беше успешна манекенка, наставничка, го имаше светот под нејзините нозе … Но, со парите дојдоа и алкохолот и дрогата, кои ја однесоа во бездната.

Таа го погоди дното кога стана наркоман и бездомник. И тогаш се случи неверојатен пресврт… Елиза сега работи од понеделник до недела, често 16 часа на ден, зборувајќи на „OnlyFans“ со обожаватели на возраст од 20 до 60 години.

За само 12 месеци успеа да заработи милион фунти. Како што признала, оваа привлечна Британка лажела, изневерувала и крадела со цел да дојде до пари за пијалоци и дрога. Дури и нејзиното семејство ја одби, па таа остана бездомник.

Нејзиниот живот се смени кога еден пријател ја покани да дојде на состанокот на алкохоличари. Почна да се опоравува, дури се вработи и како наставник. Сепак, и требаа повеќе пари, па во декември 2019 година, се приклучи на „OnlyFans“. Таму таа почна да го поминува времето во разговор со луѓе.

  • Не е се во сексот. Зборуваме за сè, за нивните семејства и деца. Мојата диплома по психологија дефинитивно добро ми дојде тука, вели Елиза, која сега планира да ја купи куќата од своите соништа.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести