17 C
Skopje
сабота, мај 1, 2021
spot_img

Јапонците децидни: Ако пандемијата не се смири, нема гледачи на ЛОИ во Токио

Олимписките игри во Токио многу веројатно ќе станат првите во историјата кои ќе се одржат без присуство на гледачи на спортските борилишта. Претседателката на Организацискиот комитет, Сеико Хашимото, денеска потврди дека голема е веројатноста ЛОИ во јапонската престолнина да останат со празни трибини.

Уште во март беше донесена одлука да не се дозволуви доаѓање на гледачи од странство, а поради се потешката епидемиолошка состојба во Јапонија, конечната одлука за тоа дали домашните навивачи ќе бидат на боиштата е одложена за јуни.

Нашата прва цел е безбедно одржување на Игрите, како за спортистите, така и за сите жители на Јапонија. Ова значи дека ако обемот на пандемијата е на рамниште на ова сега или поголемо, тие би можеле да се одржат целосно без гледачи. Според анкетите, нашите сограѓани се загрижени и ако ситуацијата не се подобри, тогаш ќе донесеме одлука Игрите да се одржат без присуство на гледачи“, рече Хашимото.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести