17 C
Skopje
сабота, мај 1, 2021
spot_img

Еве што изјави Ангела Меркел за промена на границите на Балканот

По германскиот министер за надворешни работи, Хаико Маса, портпаролот на германската канцеларка, Ангела Меркел, Стефан Зајберт, денеска се изјасни против промената на границите на Балканот, пренесува Дојче веле.

На прашањето на Дојче веле дали германската влада постави „црвени линии“ што не треба да се кршат во случај на договор за нормализирање на односите на Балканот, Зајберт рече:

  • Ве молам, разберете дека вообичаено не коментираме неофицијални документи, но во однос на шпекулациите што во моментот кружат низ медиумите за промена на границите на Западен Балкан по етничка линија, од позицијата на федералната влада можам да ви кажам дека сметаме тоа е многу опасно. Ваквите гранични промени ќе ја зголемат нестабилноста на регионот, ќе создадат нови тензии, па дури и ќе ги вратат конфликтите од минатото. Како Влада, продолжуваме да го унапредуваме патот на европска и трансатлантска интеграција на земјите во регионот, заснован на демократија, владеење на правото и мултиетничност – рече Зајберт.

Тој посочи дека германската влада ги охрабрува земјите од Западен Балкан „да ја следат реформската агенда и особено да се фокусираат на правдата и владеењето на правото, во борбата против корупцијата и организираниот криминал“.

Извори од германската влада за Дојче веле посочуваат дека Германија смета дека договорите постигнати досега во Брисел треба да послужат како основа за дијалог на Балканот.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести