18 C
Skopje
петок, април 30, 2021
spot_img

ХОРОР: Медицинска сестра убила 4 пациенти во Германија

Невиден хорор се случил на клиниката за ортопедија Оберлин во источниот германски град Потсдам. Медицинска сестра (51) вработена на клиниката убила четири лица, а еден е тешко ранет.

Портпаролот на државната полиција во Бранденбург изјави дека полицијата била повикана на клиниката во средата околу 21 часот, каде што пронашле четворица мртви и еден тешко повреден.

Локалниот весник „Потсдамер Нојште Нарихтен“ објави дека жртвите биле пациенти во болницата. Се тврди дека станува збор за пациенти кои починале од „екстремно насилство“, пренесуваат германските медиуми. Дневниот весник „Билд“ објави дека злосторството се случило во објект за лица со попреченост.

Според неофицијални информации, жената им го пресекла грлото на жртвите, а полицијата ги пронашла во различни простории. Мотивот за овие брутални убиства сè уште не е познат. Не е познато дали сите жртви биле пациенти третирани од медицинска сестра, а благодарение на брзата интервенција таа е уапсенаа

Полицијата и форензичарите цела ноќ ја поминале на самото место, истражувајќи го случајот. Комплексот каде што се случи злосторството вклучува клиника, градинки и училишта, работа и домување за лица со попреченост и центри за советување.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести