18 C
Skopje
петок, април 30, 2021
spot_img

СТРАШНО: Пронајдена е уште една куќа каде Беливук и неговата екипа ги касапеле жртвите

Траги од крв, освен во куќата во Ритопек, биле пронајдени и во викенд куќа во Рудник кај Горњи Милановац, за која постои сомневање дека ја користеле членовите на криминалната група на Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља и Марко Миљковиќ! Станува збор за куќата кон која се упатил Беливук во моментот кога беше уапсен на почетокот на февруари во филмска акција на полицијата.

– Како и во викендицата во Ритопек, каде беа пронајдени траги од крв на речиси сите sидови и подови, крв беше откриена и во викендичката во Рудник и истата била испратена на анализа. Истрагата ќе утврди дали станува збор за човечки биолошки траги, но и кому му припаѓаат, секако, врз основа на ДНК анализа, открива изворот за „Блиц“.

Според него, полицијата со денови ја пребарувала куќата и собирала докази.

– Траги од крв имаше во кадата во бањата, но и на теписите во спалната и дневната соба во куќата, како и во кујната, открива соговорникот, кој е добро упатен во истрагата.

Тој наведува и дека допрва треба да се утврди дали некој бил убиен во неа или дали служела за криминална група да ги чува киднапираните во неа.

– Куќата во Ритопек му припаѓа на Владо Драганиќ, уапсен како припадник на екипата на Беливук, додека онаа на Рудник е во сопственост на човек на чиј внук полицијата исто така ставиа лисици на рацете. Се сомнева дека токму внукот им ја отстапил куќата на осомничените водачи на групата и дека ие жртвите ги носеле и на оваа планина, додава соговорникот на истрагата.

Освен траги од крв таму се најдени и остатоци од храна, како и други докази што, исто така, ќе бидат однесени за да се утврди кој се престојувал во неа.

Викендицата на Рудник е издвоена од другите куќи, оградена е со дури две огради, а околу неа има само ниви и шума.

– Куќата е на два ката и во ноќта на апсењето е запечатена. Внатре има прилично скромен мебел, а на одделни прозорци има крпи за да не се гледа внатрешноста. Во една од спалните соби дури има и креветче за бебе, наместено со постелнина. Внатре е најден и бадник, па се верува дека некој таму престојувал за Божиќ, додава изворот.

– Во куќата се најдени остатоци од слатки, храна во фрижидерот, кафе, но и разни садови и прибор за јадење, додава соговорникот.

Жителите на Рудник велат дека полицијата со денови куќата ја држела под опсада.

– Имаше повеќе полиција од жители. Веља Невоља никогаш не сме го сретнале, велат мештаните.

Инаку, Апелациониот суд вчера и го продолжи притворот на Беливуковата криминална група за уште три месеци. Според оваа одлука притворот може да им трае до 2 август.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести