18 C
Skopje
петок, април 30, 2021
spot_img

Одлична вест: „PFIZER“ НАПРАВИ ВАКЦИНА ЗА ДЕЦА И БЕБИЊА

Компанијата „BioNTech“ очекува да ги добие резултатите од пробните тестови на вакцината, кои заедно со „Pfizer“ ги разви за бебиња од само шест месеци до септември, објави денес германскиот магазин „Der Spiegel“, цитирајќи го извршниот директор на „BioNTech“.

  • Во јули, првите резултати треба да бидат достапни за деца на возраст од пет до 12 години, а во септември за помали деца, изјави извршниот директор на „BioNTech“, Угур Шахин за „Der Spiegel“.

Тој додава дека ќе бидат потребни околу четири до шест недели за да се проценат податоците.

  • Ако сè оди добро, веднаш штом ќе се проценат податоците, ќе можеме да аплицираме за одобрување вакцина за сите деца во соодветната возрасна група, во различни земји, рече тој.

Овој месец, компаниите „BioNTech“ и „Pfizer“ побараа од американските регулатори да одобрат итна употреба на нивната вакцина за адолесценти на возраст од 12 до 15 години.

Германски „Der Spiegel“, цитирајќи го Шахин, објави дека компанијата е „во завршна фаза пред да го достави“ барањето до европските регулатори за деца на возраст од 12 и повеќе години.

Резултатите од испитувањето објавено кон крајот на март покажаа дека вакцината на двете компании е безбедна и ефикасна кај адолесцентите. Вакцината „ Pfizer / BioNTech“ веќе е одобрена за употреба кај лица постари од 16 години.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести