18 C
Skopje
петок, април 30, 2021
spot_img

Бартомеу му постави замка на Лапорта

Жоан Лапорта минатиот месец е одбра за нов претседател на Барселона и многумина од него очекуваат да го врати тимот на стартите патеки. Тој на ова место се врати по десет години, но ќе има полни раце работа кога станува збор за финансиите.

Неговиот претходник Бартомеу по заминувањето и нанесе нов тежок удар на Барселона. Клубот ова лето мора да плати дури 70 милиони евра на фудбалерите за нивната согласност за намалување на платите минатата година поради пандемијата коронавирус.

Но, тука не застанува шокот. Тој ги продолжил договорите со дел од фудбалерите и во нивните клаузули ставил задолжително исплаќање на бонусите по истекот на договорите, што пак е неверојатно особено во време на криза.

Покрај ова, има клаузула според која на сите играчи им расте платата без разлика какви успеси постигнале. Пред Лапорта навистина е тешка задача, треба да ја спаси Барселона од финансиска криза, а потоа да размислува за резултатите и играчите.

Токму поради ова, многумина сметаат дека Лапорта сакал Барселона да игра во Суперлигата за да може да се спаси финансиски, на овој начин би добила 350 милиони евра само од учество во лигата. Ова практично е сумата за која сонуваат во клубот.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести