14 C
Skopje
четврток, април 29, 2021
spot_img

На Левандовски му „здодеала“ Германија, Реал и Барса на „готовс“

Германскиот „Скај“ пренесува бомбастична информација поврзана со најдобриот стрелец во Бундеслигата во последните години, Роберт Левандовски.

Левандовски кој веќе 11 години е дел од Бундеслигата, играјќи најпрво во Борусија Дортмунд, а потоа и во Баерн Минхен, наводно му соопштил на својот агент дека сака да си замине и да се „проба“ во некоја друга лига.

Неговиот менаџер Пини Захави веднаш тргнал во акција, а Реал и Барселона веќе се на „готовс“.

Баерн за него бара отштета од дури 80 милиони евра, пренесува „Скај“.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести