14 C
Skopje
четврток, април 29, 2021
spot_img

Надлежниот суд во Брисел започна денеска да ја разгледува тужбата поднесена од Европската комисија против фармацевтската компанија „AstraZeneca“

Надлежниот суд во Брисел започна денеска да ја разгледува тужбата поднесена од Европската комисија против фармацевтската компанија „AstraZeneca“.

Тужбата е поднесена за непочитување на роковите за испорака на вакцини за коронавирус.

Европската комисија во понеделникот соопшти дека ја тужела „AstraZeneca“ за непочитување на договорот за испорака на вакцината против COVID–19 и затоа што компанијата нема кредибилна програма за обезбедување редовна испорака.

Во големата пандемија на европскиот континент, вакцината „AstraZeneca“ се сметаше за клучен адут во имунизацијата, како и адут за вакцинирање на населението од посиромашните земји, бидејќи, за разлика од некои други, не бара складирање на многу ниски температури.погодни за испораки.

Одложувањата во испораката на вакцини од таа британско-шведска компанија се сметаат за една од причините поради кои Европската унија доцни со вакцинирањето на населението за Велика Британија, САД и Израел.

Адвокат на Европската комисија пред судот во Брисел изјави дека блокот бара итни испораки од сите фабрики наведени во договорот, вклучително и од погоните во Велика Британија, која повеќе не е членка на Европската унија.

Постапката е итна
На сослушувањето, кое е отворено за јавноста и се одржува по итна постапка, адвокатот што ја застапува „AstraZeneca“ рече дека договорот не предвидува обврска на компанијата да доставува вакцини од сите нејзини фабрики.

„AstraZeneca“ има фабрики во Холандија и Белгија кои се членки на ЕУ, но и во Велика Британија.

  • „AstraZeneca“ длабоко жали за одлуката на Европската комисија да започне судска постапка во врска со договорот за испорака на вакцини. Се надеваме дека ќе го решиме овој спор што е можно поскоро, рече адвокатот на производителот, Хаким Буларбах.

Првото рочиште заврши во средата за нешто повеќе од еден час, а страните се согласија на второ рочиште на 26 мај.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести