27 C
Skopje
четврток, април 29, 2021
spot_img

Европскиот парламент со големо мнозинство го прифати воведувањето на „ЕУ Ковид-19 пасошот“

Европскиот парламент со големо мнозинство го прифати воведувањето на „ЕУ Ковид-19 сертификатот“ и законодавната рамка која што избегнува патни пречки и дискриминација на невакцинирани лица.

„ЕУ КОВИД-19 сертификат “ е третиот официјален наслов на документот што треба да го регулира прекуграничното патување кон Европската унија. Ова име, тоа беше прифатено од огромното мнозинство во Европскиот парламент, со што се воспостави договор за правната рамка според која ковид пасошите треба да важат 12 месеци, пренесува Euractiv.

Документот во дигитална или хартиена форма потврдува дека лицето е вакцинирано против корнавирус, добило негативен тест или веќе се опоравило од инфекцијата, но европратениците инсистираа на тоа дека овие сертификати да не се користат како патни исправи и да не се предуслов за остварување на право на слободно движење.

Тие сметаат дека носителите на овие пасоши не треба да бидат подложени на карантин, ново тестирање или самоизолација и дека треба да се избегнува дискриминација на невакцинирани граѓани. Тие исто така предлагаат членките на ЕУ да им обезбедат на своите туристи „универзално, достапно, навремено и бесплатно тестирање“.

Исто така, воспоставена е законодавна рамка за регулирање на прекуграничното движење на граѓани од земји што не се членки на ЕУ. Акцентот беше ставен и на прифаќање на сертификати за вакцинација одобрени од Европската агенција за лекови, додека одлуката за прифаќање на други вакцини беше оставена на земјите-членки.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести